Управата за јавни приходи информира дека системот е-Персонален данок ќе биде привремено недостапен поради имплементација на обрасците “ДЛД-ДБ” и “Б” за 2019 година кои задолжително се поднесуваат по електронски пат. На системот e-pdd поставено е Барањето за одобрение на даночно ослободување по основ на воведување на фискален систем на опрема, односно фискална апаратура и интегриран автоматски систем на управување (образец ДЛД-02), кој ќе започне да се поднесува електронски во 2021 година. Во системот e-pdd во модулот„Доход од вршење самостојна дејност“ се содржи под-модулот Вистински доход, преку кој се врши внес и обработка на: Биланс на приходи и расходи (образец “Б”) и Годишен даночен биланс (образец ДЛД-ДБ).
Проагенсова алатка за пресметка на практикантски надомест, согласно со насоките на УЈП и Законот за практиканство, може да симнете на ПОВЕЌЕ. Нова шифра за МПИН образецот за практикант со неполно работно време.
Информатор 2/2020 - Содржина и текстови симни на ПОВЕЌЕ.
Текст за издавање на електронска форма вклучувајќи и соодветна согласност побарај на ПОВЕЌЕ.
Информацијата на Министерството за финансии за составувањето / доставувањето на Даночните биланси за 2019 година побарај на ПОВЕЌЕ.
Поттикнувањето на вработувањето на млади лица до 23 години со додаток од државата од 3.000 денари/месечно. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Про Агенс Ве поканува на ДВОДНЕВНА (16 часа) ИЛИ ЕДНОДНЕВНА (8 часа) КПУ ОБУКА бр. 1/2020 година (Советување) - за Годишна сметка, финансиско и даночно известување за 2019-та година и даночни и други новини за 2020 година. Термини и локации: 12-13 февруари 2020 (среда-четврток), Скопје ‐ х. Континентал; 14 февруари 2020 (петок), Битола ‐ х. Милениум. Програма, Пријави и Профактура побарајте на ПОВЕЌЕ.
НОВ Правилник за формата и содржината на образецот на пресметката на данок на добивка на ревалоризациони резерви (ревалоризациони вишоци) при пренос во акумулирана добивка и НОВ образец ДД-РВ
Со измените и дополнувањата на Законот за данокот на добивка (275/19) се појаснуваат и се прецизираат одредби од Законот кои се однесуваат на даночно непризнаените расходи, правото на намалување на основата за оданочување (даночен кредит) за одредени претходни зголемувања на даночната основа, промена на режимот на оданочување на непрофитните организации, вклучувајќи и редуцирање на обврзниците за доставување на извештај за трансферни цени, како и други одредби со кои се подобрува текстот на Законот од аспект на неговата практична примена. Целосна информација побарајте во текстот што може да го симнете на ПОВЕЌЕ.
Во Сл. весник на РМ, бр. 6/19 од 10.01.2020 година Објавен е Правилник за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и начинот на одбегнување на двојното ослободување или двојното оданочување. Во Рамките на Правилникот е објавен и НОВИОТ Даночен биланс за оданочување на добивката - образец ДБ, кој ќе се примени за 2019 година. Правилникот за изменување и дополнување на Правилникот за начинот на пресметување и уплатување на данокот на добивка и начинот на одбегнување на двојното ослободување или двојното оданочување и НОВИОТ Образец ДБ симни го на ПОВЕЌЕ.