ЗОУП – Роковите не течат за време на вонредната состојба

Според Уредбата за Законот за општата управна постапка за време на траење на вонредната состојба, роковите кои ги определува овластеното службено лице, кои истекуваат за време на траење на вонредната состојба, престануваат да течат и продолжуваат по истекот на траењето на вонредната состојба, но само за онолку денови колку што преостанале, и тоа од денот на истекот на траењето на вонредната состојба. Детали и Пречистен текст на Законот за општата управна постапка побарајте на ПОВЕЌЕ.

Облигациони односи – Намалување на казнената камата

Со Уредба за Законот за облигационите односи се намалува казнената каматна стапка за деловните субјекти и за граѓаните. Детали и пречистен текст на Законот за облигационите односи побарај на ПОВЕЌЕ.

Уредба за Законот за стечај – Без отворање на стечајни постапки додека трае вонредната состојба

На стечајните должници кои ги исполнуваат условите за отворање на стечајна постапка или поведување на претходна постапка, нема да се отвораат стечајни постапки и да се поведуваат претходни постапки за време на траењето на вонредната состојба. Детали за ова и пречистен текст на Законот за стечај побарај на ПОВЕЌЕ.

Уредба на Законот за туристичка дејност – ваучери за откажаните аранжмани

Со Уредба на Законот за туристичката дејност на туристичките агенции ќе им се овозможи да издаваат ваучери на клиентите во износ на уплатената сума којшто може да се искористи за било кое следно патување заклучно со 31.12.2021 година. Детали и пречистен текст на Законот за туристичката дејност побарај на ПОВЕЌЕ.

Mерки во трговијата за сузбивање на кризата заради корона вирусот

Во услови на кризата од корона вирусот, согласно со членот 30 од Законот за трговија, Владата пропиша ограничување на извозот на одделни производи, определување на највисоки цени за одделни производи и утврди посебни услови за трговија на одделни стоки - забрана за зголемување на маржата. Текст со детали за мерките во трговијата заради заштитa од корона вирусот и сите поврзани прописи побарај на ПОВЕЌЕ.

Важни Уредби за прописите од економска област на Владата на РСМ

Информација за важни Уредби за прописите од економска област на Владата на РСМ симни на ПОВЕЌЕ.

Продажба преку интернет

Текст за регулативата за електронската трговија, нејзиниот даночен и сметководствен третман побарај на ПОВЕЌЕ.

Објава на Про Агенс: До понеделник (16 март) ќе работиме под режим home office (од дома)

Објава  на Про Агенс Заради заштита на своите вработени и како општествено одговорна компанија која се грижи за своите клиенти почитувајќи ги мерките и препораките на македонските здравствени власти за заштита од корона вирусот, тимот на Про Агенс од утре (среда, 11 март 2020 година), до понеделник (16 март 2020 година), ќе работи под режимот home office (од дома). Канцеларијата на Про Агенс ќе биде затворена. Колегите кои имаат потреба за услугите на тимот на Про Агенс, ќе не контактираат на мобилниот телефон: 070 248 029  и на: kontakt@proagens.com.mk  Благодариме на разбирањето

Алатки за пресметување на пропорционална камата (365 или 366 дена)

Алатките за пресметка на пропорционална камата може да ги симнете на ПОВЕЌЕ.

Нови уплатни сметки за данок на добивка / данок на вкупен приход 2020

Заради точна уплата на даночните обврски, даночните обврзници треба да користат нови уплатни сметки и шифри за плаќање, објавени од Министерството за финансии - Сектор за трезор. Детали види на ПОВЕЌЕ.