Градежништво – сметководствен и даночен третман

Градежништвото во Македонија, во последните неколку години зема особено голем замав и тоа во најразлични форми на сопствено и договорно градежно производство. Различните форми продуцираат и различен дсночен промет, односно завршуваат како промет на добра или како извршена услуга. Во меѓувреме и сметководственото евидентирање на деловните трансакции во градежништвото добива посебни пишани правила. Сметководствените стандарди ја оформуваат сметководствената регулатива на која почиваат евиденциите во градежништвото. За сметководствените и даночните третмани на трансакциите поврзани со градежништвото побарај на ПОВЕЌЕ.

Исплата на дивиденда 2018 – правен, сметководствен и даночен аспект

„Сезоната“ на исплата на дивиденда започна. Во два посебни текстови ги елаборираме актуелните законски решенија за условите на исплата на дивиденда, можните извори и карактеристични форми на исплата, даночниот третман на дивидендата исплатена на физички и правни (домашни и странски) лица, сметководствената едвиденција на дивидендата (парична и акциска), како и можноста за исплата на авансна дивиденда во текот на деловната година. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Нов Тарифник за висината на членарината на ИСОС

Институтот на сметководители и овластени сметководители (ИСОС) донесе нов Тарифник за висината на годишната членарина. Детали побарајте на ПОВЕЌЕ.

Информатор 3.2018

Актуелни теми од Информаторот бр. 3/2018 година може да симнете на ПОВЕЌЕ.

Ратификуван Договорот за одбегнување на двојно оданочување со Израел

Во „Службен весник на РМ“, бр. 36 од 26 февруари 2018 година е објавен нов Закон за ратификација на Договорот меѓу Македонската Влада и Израелската Влада за одбегнување на двојното оданочување и за заштита од фискална евазија по однос на даноците на доход. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

ЗАДРЖАН ДАНОК ЗА ИСПЛАТИ КОН СТРАНСКИ ПРАВНИ ЛИЦА ЗА РЕКЛАМИРАЊЕ

Ви обрнуваме внимание на исплатите кон СТРАНСКИ ПРАВНИ ЛИЦА по основ на рекламирање на facebook, google, amazon,.... Имено овие исплати направени со компаниски платежни картички (или исплатени на друг начин од средства на македонска компанија) се ОДАНОЧИВИ ако не се спроведат пропишаните процедури пред УЈП. Деталите побарајте ги на ПОВЕЌЕ.

Годишна сметка

Модулот (во excel) за составување на Годишната сметка може да го симнат привилигираните корисници со кликнување на повеќе

Нови правила за пополнување на платниот инструмент за јавни давачки „ПП-50“

Од 1 февруари 2018 година во примена се нови правила за пополнување на платниот инструмент за јавни давачки „ПП-50“. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.

УЈП повторно ги враќа „во игра“ ДДВ евиденциите

УЈП повторно ја враќа „во игра“ ДДВ евиденциите. Евиденцијата на излезните фактури за оданочив промет и долгуван данок согласно член 52 од ЗДДВ, поделена на два дела и тоа: а) Излезен промет во земјата и б) Излезен промет - Извоз; Евиденција  на влезните фактури со претходен данок кој може да се одбие и на исправките на даночната основа и на одбитоците на претходниот данок, за соодветниот даночен период, поделена на два дела и тоа: а) Влезен промет од земјата и б) Влезен промет – Увоз. Даночните обврзници кои немаат доставено Табеларен преглед – ДДВ евиденција почнувајќи од 01.01.2017 година, потребно е да достават во најкус можен рок вели УЈП. За деталите види на ПОВЕЌЕ

Инфо за достава на Годишните сметки за 2017 година

После објавата на Централниот регистар на РМ за раскинувањето на Договорот за соработка и размена на информации со Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ, ЦРМ извести дека согласно со Законот за вршење сметководсвена дејност годишните сметки (во хартиена и електронска форма) можат да ги поднесат на: а) овластените сметководители на сите правни субјекти, б) сметководителите на здруженија, фондации и трговци поединци. Од објавата произлегува дека ЦРМ нема да ги бара како доказ броевите на лиценците на субјектите што вршат сметководствена дејност заради достава на Годишните сметки, како и доказ дека доставувачот/изготвувачот на годишната сметка има засновано некаква форма на работен однос кај субјектот на известување. Остатокот побарајте го на ПОВЕЌЕ.