Промет на станови – даночен третман

За даночниот третман во врска со прометот на станови и станбени згради (оданочување со 5%, неоданочување, можност за оданочување со 18%, пресметување на данок на промет на недвижности, право на одбивка на влезно ДДВ, промет без можност за одбивање на ДДВ од набавката и сл.) прочитајте на ПОВЕЌЕ.

Презентации од КПУ обуката 1/2017 на Агенцијата Про Агенс

Презентациите од КПУ обуката 1/2017 на Агенцијата Про Агенс одржана во периодот октомври-ноември 2017 година се постирани на ПОВЕЌЕ.

Про агенс најавува НОВ циклус на КПУ обуки (2/2017) до крајот на 2017 година

Важно: Про агенс наскоро ќе ги објави термините и локациите за ВТОРИОТ циклус на КПУ обуки (2/2017) за овластени сметководители / сметководители што ќе се одржат до крајот на 2017 година. Вториот циклу ќе биде во траење од 8 КПУ часови. И овој пат секој учесник ќе добие Прирачник (без никаква доплата), а презентациите после завршувањето на циклусот ќе бидат поставени на http://www.proagens.mk Колегите кои досега не посетиле КПУ обука, имаат можност да ја посетат претстојната ВИКЕНД КПУ обука на Про агенс што ќе се одржи на 18 ноември 2017 година (САБОТА) на Економски факултет при УКИМ во Скопје (амф. 1). Со посета на оваа обука и на уште една еднодневна КПУ обука до крајот на годината, колегите овластени сметководители/сметководители ќе успеат да го исполнат потребниот број на часови. Детали на ПОВЕЌЕ

МФ ги конкретизира предлозите во Законот за сметководствени работи

Министерството за финансии ги конкретизираше своите предлози во Нацрт Законот за изменување и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи. Во врска со бројот на КПУ часови за 2017 година се предлага: овластените сметководители да посетат најмалку 15 КПУ часови и сметководителите да посетат најмалку 10 КПУ часови. Бројот на законски неопходните КПУ часови за период од ТРИ години се предлага да се намали на следниот начин: за овластените сметководители од 120 на 90 часа, при што најмалку 20 часа во текот на една година (сегашното решение е 30 часа) и за сметководители од 90 на 60 часа, при што најмалку 10 часа во текот на една година (сегашното решение е 20 часа). Се предлага да им се даде рок од 60 дена од денот на влегувањето во сила на Законот на Лицата кои не успеала во законскиот рок да го заменат уверението од МФ со уверение од ИСОС, како и оние што не успеале во законскиот рок да се запишат во соодветниот регистар на ИСОС. Пречистен текст на предлог Законот може да симнете на ПОВЕЌЕ.

ПРИРАЧНИК ЗА ОДАНОЧУВАЊЕ НА НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР – ПРОЦЕДУРИ, ПРАВА И ОБВРСКИ

ПРИРАЧНИК-от ЗА ОДАНОЧУВАЊЕ НА НЕВЛАДИНИОТ СЕКТОР - ПРОЦЕДУРИ, ПРАВА И ОБВРСКИ може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

КПУ обуки на Про агенс – ноември 2017 година

Термини и локации за одржување на Проагенсовите КПУ обуки во НОЕМВРИ 2017 година: 9-10 ноември 2017 г. Охрид – х. Милениум палас и 18. ноември (САБОТА) 2017 година - Скопје, Економски факултет при УКИМ (амфитеатар 1) Деталите на ПОВЕЌЕ.

ВИКЕНД ОБУКА: Економски факултет при УКИМ, Скопје – 18. ноември 2017 година (САБОТА)

ВИКЕНД КПУ обука на Про агенс - Економски факултет при УКИМ, Скопје - 18. ноември 2017 година (САБОТА). Деталите на ПОВЕЌЕ.

Најава: Измени и дополнувања на Законот за вршење на сметководствени работи

Министерството за финансии предлага измени и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи. Деталите побарајте ги на ПОВЕЌЕ.

Информатор 10/2017

Содржината на Информаторот бр. 10/2017 (октомври 2017 година) побарај ја на ПОВЕЌЕ.

Најава на одлагање за 1 година на забраната за плаќање со пресметка на субјектите со блокирани сметки

Најава на изменување на Законот за платниот промет: Согласно со актуелното решение од Законот за платниот промет, на 1 јануари 2018 година треба да престане можноста правните субјекти кои имаат блокирани трансакциски сметки да вршат плаќање со компензација, асигнација, цесија и преземање на долг. Примената на ова решение ќе биде одложено, овој пат за 1 година.