ДДВ регистрација и оданочување на ГРАЃАНИ

За нормативните аспекти, за дилемите и нелогичностите во врска ДДВ регистрацијата и оданочувањето на граѓаните прочитајте на ПОВЕЌЕ.

Информација на УЈП: Eвиденциите на влезни/излезни фактури како прилог на ДДВ-04 пријавата НЕ ТРЕБА да се доставуваат

Информација на УЈП: Евиденциите на влезни/излезни фактури како прилог на ДДВ-04 пријавата НЕ ТРЕБА да се доставуваат

Коментар на измените на Законот за персоналниот данок на доход

Со последните изменувања и дополнувања на Законот за персоналниот данок на доход (Сл. весник на РМ, бр. 190/17) освен административните олеснувања, воведени се повеќе важни даночно ослободувања. Коментар може да го прочитате на ПОВЕЌЕ.

Упатства за е-ПДД системот

1) Упатство за регистрација на корисник на системот и 2) Упатство за аконтативна пресметка на ПДД моѓе да симнете на ПОВЕЌЕ.

МПИН за платите за 2018 година

За првото составување на МПИН прeсметката за јануари 2018 година во делот Параметри за пресметка на придонеси потребно е да се отвори нов период и да се изврши промена на месечниот износ на личното ослободување (месечното лично ослободување за 2018 година изнесува 7.531 денари). Останатите параметри не се менуваат. Детали на ПОВЕЌЕ.

Надоместок за возило

Прегледот на надоместокот за користење на приватно возило за службени цели за 2017 година може да го симнеш на ПОВЕЌЕ.

Измени во Известувањата за состојбата и промените на капиталот и обврските

Во Службен весник на РМ број 185/17, со примена од 1 јануари 2018 годинам, објавени се измени и дополнувања на: 1) Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на ВЛОЖУВАЊА ОД СТРАНСТВО („Службен весник на РМ“, бр. 108/14 и 200/16) и 2) Упатство за начинот на известување за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на ВЛОЖУВАЊА ВО СТРАНСТВО („Службен весник на РМ“, бр. 108/14 и 200/16). Упатствата се однесуваат на известувањето за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувањата во / од странство (Обрасци ВС 11 и ВС 22). Информации побарајте на ПОВЕЌЕ.

Рефлексии од зголемувањето на акцизата на гасните масла од 1 јануари 2018 година

Со измена на Законот за акцизите („Службен весник на РМ“, бр. 171/17), во примена од 1 јануари 2018 година, извршено е зголемување на акцизата на гасни масла (односно за следните нафтените деривати) од точка 2 на член 28 од Законот за акцизите: - погонско гориво (акцизата се зголемила од 12,121 на = 15,121 ден/л) и - гориво за греење (акцизата се зголемила од 3,136 на = 6,136 ден/л). За обврски кои произлегуваат од зголемувањето на акцизата побарај на Коментарот на ПОВЕЌЕ.

Новини во Законот за персоналниот данок на доход од 1 јануари 2018 година

За новините во Законот за персоналниот данок на доход што ќе се применуваат од 1 јануари 2018 година и пречистениот текст на Законот детали побарај го на ПОВЕЌЕ.