Со Уредба за примена на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност за време на вонредна состојба, објавена во „Службен весник на РСМ“, бр. 136 од 27 мај 2020 година, се утврдува можност невработеното лице на кое работниот однос му престанал во периодот од 11 март 2020 година до 30 април 2020 година, независно од времето поминато во работен однос, со: давање на писмена изјава од страна на работникот, спогодбено престанување на работниот однос или со отказ од страна на работодавачот. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Уставниот суд на РСМ со Одлуката У.бр. 49/2019 од 12 мај 2020 година, ги: ПОНИШТИ Уредбата со законска сила за ограничување на исплата на додатоци и надоместоци на плата за вработените во јавниот сектор за време на вонредна состојба („Службен весник на РСМ“ бр. 94/2020) и сите дополнувања на истата. Коментар и Одлуката на Уставниот суд побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Со Уредба утврдена финансиска поддршка на граѓани и вработени лица со низок доход, млади лица и здравствени работници преку издавање на домашна платежна картичка наменета за купување на македонски производи и услуги за време на вонредна состојба. Категориите на граѓани кои ќе добијат финансиска поддршка преку домашна платежна картичка и Уредбата побарај ги на ПОВЕЌЕ.
Рокот за ПОДНЕСУВАЊЕ на ДДВ пријавата (ДДВ-04) и за ПЛАЌАЊЕ на ДДВ за месец АПРИЛ 2020 е одложен до 31 мај 2020 година, односно 1 јуни 2020 година (понеделник). Детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ.
Продолжено важењето на Уредбата за примена на Законот за заштита на подрошувачите при договори за потрошувачки кредити. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Намалена камата на даночен долг од 0,015% на ден со лимитирана примена до 60 дена после вонредната состојба. Детали и прописи побарај на ПОВЕЌЕ.
Со Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговските друштва за време на вонредна состојба, објавена во „Службен весник на РСМ“, бр. 123 од 13.05.2020 година уредени се два битни сегменти на примената на Законот за трговските друштва за време на вонредната состојба, кои се однесуваат на: дефинирање на веродостојни сметководствени документи и рокот доставување на одобрените финансиски извештаи со годишниот извештај за работа за 2019 година на друштвата со ограничена одговорност до Регистарот на годишни сметки. Деталипобарај на ПОВЕЌЕ.
Протоколи за заштита од коронавирусот во дејности што започнуваат со работење заедно со Одлука побарај на ПОВЕЌЕ.
11.05.2020: Целосна иформација на УЈП за остварување на правото за финансиска поддршка за исплата на платите за април и мај 2020 година (14.500 по работник месечно) и 50% субвенционирање на социјалните придонеси. Линк до НОВИОТ МПИН. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
Лична заштита на лице е било каква форма на заштита која што ги покрива пределот на носот и устата (респираторна маска ФФП2 или повисок стандард, хируршка маска за еднократна употреба, текстилна маска за повеќекратна употреба, свилена марама или шал, памучна марама или шал, бандана и слично). Сите домашни и странски правни лица на територијата на Република Северна Македонија, се должни во своите седишта, подружници и објекти во кои ја обавуваат својата дејност, да обезбедат носење лична заштита на лицето од страна на сите физички лица кои работат и да забранат влез и движење низ овие простории на секое физичко лица кое влегува како посетител во овие простории, а кое нема да носи лична заштитна опрема. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.