Сметководствен третман на ситниот инвентар

Текст за сметководствениот третман на ситниот инвентар може да го симнете на повеќе.

Дневници, одвоен живот и теренски додаток

Текстот на тема Дневници за службен пат, одвоен живот и теренски додаток - даночен и сметководствен третман може да го симнете на повеќе.

Изготвување на финансиски извештаи

Текст за Изготвување на финансиските извештаи може да симнете преку повеќе.

Регистрација и дерегистрација за ДДВ

Текстот на тема Регистрација и дерегистрација за ДДВ може да симнете на повеќе.

Годишен извештај за персоналниот данок на доход

Вторник, 31 јануари 2017 година е последен рок за електронско поднесување на Годишниот Извештај за персоналниот данок на доход за 2016 (ПДД-ГИ) Текст за деталите во врска со составувањето на Годишниот извештај за ПДД може да симнете на повеќе.

Јануари 2017-та: Плати на државните службеници

Согласно со Одлуката на Владата на РМ за утврдување на вредност на бодот за пресметување на платите на државните службеници за 2017 година (223/16), вредноста на БОДОТ за 2017 година изнесува 76,8 денари (непроменет во однос на претходната година). Платите на државните службеници за ЈАНУАРИ 2017 година ќе се пресметуваат со примената на објавената вредност на бодот (76,8 денари)

Надоместок за користење на приватно возило за службени цели за 2016 година

Прегледот на надоместокот за користење на приватно возило за службени цели за 2016 година може да го симнете на повеќе

Намалување на казнената камата од 1 јануари 2017-та

Поради намалување на референтната стапка за пресметување на казнената камата од 4% на 3,75% (објава на НБРМ од 30.12.2016), од 1 јануари 2017 година е намалена и казнената каматна стапка (намалувањето се однесува на периодот: 01,01,2017-30,06,2017). За првото полугодие од 2017 година:

  • Стапката на казнената камата за побарување/долг во денари меѓу трговци изнесува 13,75% (до 31.12.2016 изнесуваше 14%)
  • Стапката на казнената камата за побарување/долг во денари меѓу лица од кои барем едното не е трговец изнесува 11,75% (до 31.12.2016 изнесуваше 12%)
  • За казнената камата во странска валута побарај информација на повеќе.

Нова ДДВ Пријава (ДДВ-04)

Од 1 јануари 2017 година се применува НОВА ДДВ Пријава (ДДВ-04). Единствената разлика во однос на старата пријава е отстранувањето на Периодичните финансиски извештаи од одобрените фискални системи на опрема за регистрирање на готовински плаќања во делот ПРИЛОЗИ. Функционално овие Извештаи се покриени со ГПРС конекцијата. Новиот Правилник за формата и содржината на Даночната Пријава на данокот на додадена вредност (222/16) можете да го симнете на повеќе.

Донесена Одлуката за повластена даночна стапка за пелети

Повластена даночна стапка за пелети, печки и котли на пелети Во „Службен весник на РМ“ бр. 222/16 од 28.12.2016 година објавена е Одлуката за изменување и дополнување на одлуката за определување на добрата и услугите кои подлежат на повластена даночна стапка на ДДВ која се однесува за примена на повластената даночна стапка за: пелети, печки на пелети и котли на пелети. Пречистениот текст на Одлуката можеш да ја симнеш на повеќе.