kpu5Министерството за финансии предлага измени и дополнување на Законот за вршење на сметководствени работи

Измените се однесуваат на следните ТРИ аспекти:

  1. Сметководителите и овластените сметководители кои имаа добиено уверение од министерот за финансии можеа до 15.12.2016 година да поднесат барање за замена на истите до Институтот на сметководители и овластени сметководители на Република Македонија. Дел од нив од различни причини не ги замениле уверенијата, односно го пропуштиле рокот и не можат да вршат сметководствени работи.
  2. Според податоците на Институтот, 1.726 сметководители односно овластени сметководители кои ги замениле уверенијата, во рокот од 60 дена согласно законот не поднеле посебно барање за запишување во соодветните регистри во Институтот и истите немаат право да вршат сметководствени работи.
  3. Од реакциите на сметководителите и овластените сметководители се утврди дека пропишаниот број на часови за континуирано професионално усовршување на годишно и тригодишно ниво е преобемен и претставувапретставува дополнителен финансиски товар за сметководителите и овластените сметководители.

Цел на предлог законот:

  • пропишување на нов рок за поднесување на барање за замена на уверенијата за сметководител и овластен сметководител издадени од министерот за финансии кои го пропуштиле првиот законски рок во 2016 година,
  • пропишување на нов рок за упис во Регистарот на сметководители и овластени сметководители за лицата кои извршиле замена на уверенијата за сметководител и овластен сметководител но не се упишале во соодветниот Регистар и
  • намалување на бројот на часови за континуирано професионално усовршување
Leave a reply

You must be logged in to post a comment.