Важно: Про агенс наскоро ќе ги објави термините и локациите за ВТОРИОТ циклус на КПУ обуки (2/2017) за овластени сметководители / сметководители што ќе се одржат до крајот на 2017 година.
Вториот циклу ќе биде во траење од 8 КПУ часови. И овој пат секој учесник ќе добие Прирачник (без никаква доплата), а презентациите после завршувањето на циклусот ќе бидат поставени на http://www.proagens.mk
Колегите кои досега не посетиле КПУ обука, имаат можност да ја посетат претстојната ВИКЕНД КПУ обука на Про агенс што ќе се одржи на 18 ноември 2017 година (САБОТА) на Економски факултет при УКИМ во Скопје (амф. 1).
Со посета на оваа обука и на уште една еднодневна КПУ обука до крајот на годината, колегите овластени сметководители/сметководители ќе успеат да го исполнат потребниот број на часови.