Дефинирање на категоријата „македонски производи“ (166/2020)

Дефинирање на категоријата „македонски прозводи“ за целите на примената на Уредбата за домашна платежна картичка. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

„ИНФОРМАТОР“, бр. 6 (јуни 2020 година)

ИНФОРМАТОР 6 (јуни 2020 година). Информаторот е достапен на ПОВЕЌЕ.

Финансиска поддршка на вршители на дејност и за ЈУНИ 2020 година

Со измена на Уредбата продолжена е финансиска поддршка од 14.500 денари на физички лица кои вршат самостојна дејност погодени од здравствено-економската криза предизвикана од вирусот Covid-19 и за месец ЈУНИ 2020 година на. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите

Со Уредба со законска сила за субвенционирање на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработени во медиумите (Сл. весник, бр. 156/20, во сила од 12 јуни 2020 година) уредено е субвенционирање на 100% на придонеси од задолжително социјално осигурување за вработените во медиумите кои работеле и известувале за надминување на состојбата со COVID19 за време на траење на вонредната состојба, за месец јуни, јули и август 2020 година. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Измени на Уредбата за домашна платежна картичка: продолжени рокови и постдипломците како нови корисници

Измени на Уредбата за домашна платежна картичка: продолжени рокови и постдипломците како нови корисници. Пречистен текст на Уредбата и други детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Oбврски врз основа на Законот за спречување на перење пари во услови на вонредна состојба – нова уредба со законска сила

Со Уредба со законска сила за примена на Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам за време на вонредна состојба, која е објавена во „Службен весник на РСМ“ број 154 од 10 јуни 2020 година и влезена во сила со денот на објавување (10.06.2020 година), а ќе се применува за време на траење на вонредната состојба, како и 180 дена по престанувањето на траењето на вонредната состојба (до половината на декември 2020 година. Во овој ограничен период на примена, постојаното следење на деловниот однос, за ажурирање на документите и податоците на клиентите, ополномоштувачите или вистинските сопственици и за работењето на клиентите со низок ризик ќе се врши согласно со одредбите на новодонесената Уредба со законска сила, а за останатите обврски/активности ќе се применува Законот за спречување перење пари и финансирање на тероризам - ЗСППФТ („Службен весник на РМ“ бр. 120/2018 и 275/2019). Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

Финансиска поддршка за направени инвестиции на деловните субјекти

Во „Службен весник на РСМ“, бр. 153/20 од 9 јуни 2020 година е објавена НОВА Уредба со законска сила за финансиска поддршка за зајакнување на конкурентноста на деловните субјекти во текот и во пост Covid 19 периодот. Со Уредбата се создаваат услови за поддршка на македонските компании заради задржување и обновување на деловна активност вклучувајќи го враќањето на изгубени пазари со што ќе се одржат деловните потфати кои ќе придонесат за заздравување на домашната економија, преку реализација на инвестициски проект во периодот за време и после корона кризата, во периодот од март 2020 година до декември 2021 година. Коментар, Уредба, Повик, Пријава и Инвестициски план побарај на ПОВЕЌЕ.

Финансиската поддршка за исплата на платите, под непроменети услови и во износ од 14.500 по работник се продолжува и за месец ЈУНИ 2020 година.

Финансиската поддршка за исплата на платите, под непроменети услови и во износ од 14.500 по работник се продолжува и за месец ЈУНИ 2020 година. Коментар, детали и пречистен текст на Уредбата побарај на ПОВЕЌЕ

25 мај 2020 година: Започна примената на новиот Закон за управни спорови

Новиот Закон за управни спорови (новиот ЗУС), објавен во „Службен весник на РМ“, бр. 96/19 од 15.05.2019 година, влезе вo сила на 25.05.2019 година, со одложена примена од една година, која започна со 25.05.2020 година претставува нов, современ акт кој придонесува кон унапредувањето на судскиот систем на РСМ и неговото функционирање, преку усогласување со стандардите на ЕУ и отстранување од правниот поредок законски решенија со кои се попречува остварување на контролната функцијата на судството над законитоста на актите донесени органите на државната управа. Коментар и Законот за управни спорови побарај ги на ПОВЕЌЕ.

ПРОТОКОЛ за превентивни мерки за сите работни места

ПРОТОКОЛ за превентивни мерки за сите работни места. Протоколот и деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.