ИНФОРМАТОР, бр. 7-8 (јули-август 2021 година)

Одделните текстови, како и целосната содржина на списанието „ИНФОРМАТОР“, бр. 7-8 (јули-август 2021 година) може да ги симнете на ПОВЕЌЕ.

28 јули 2021 година: ПОРТОКАЛОВА ФАЗА: Препорака на МЗ, МТСП и Владата за заштита од високите температури

Република Северна Македонија во следните пет дена ќе биде зафатена од високи температури (од 29.07-01.08.2021 година – четврток до недела) и ќе влезе во портокалова фаза, поради што е потребно да се почитуваат објавените препораки од МЗ, за намалување на ризиците од високите температури за лицата кои се наоѓаат на отворен простор, дома, на своите работни места, покрај езерата, реките и базените или на планините. Препораките побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Локални избори 2021: Ограничувања на трошењето на јавни пари

Со Изборниот законик се уредени извесни органичувања од аспект на трошењето на буџетски средства и вработување во јавни институции, со кои може да се влијае на определбата на гласачите пред секои избори, вклучувајќи ги и претстојните Локални избори-2021 година. Детали за ограничувањата и пречистен текст на Изборниот законик побарај на ПОВЕЌЕ.

Намалена стапка на ДДВ на електрична енергија за домаќинствата

Со измената и дополнувањето на Законот за ДДВ (163/21) се пропиша намалување на стапката на ДДВ од 18% на 5% за прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата за период од 16.07.2021 (ден на влегување во сила на законот) до 30 јуни 2022 година, како и идно оданочување на истиот промет со даночна стапка од 10% за периодот од 1 јули 2022 до 30 јуни 2023 година. По истекот на наведените периоди на примена на повластената стапка од 5% и 10%, од 1 јули 2023 година, прометот и увозот на електричната енергија за домаќинствата, повторно ќе се оданочува со 18% ДДВ. Останатите потрошувачи (деловните субјекти) немаат повластувања, односно поскапувањето на енергијата ќе ги товари нивните трошоци, со тоа што за оние кои не се ДДВ обврзници или немаат право на одбивка на ДДВ, поскапувањето додатно се одразува преку пресметаните 18% ДДВ на повисока основица.

Данок на добивка – 2021: Удвоен износот на даночно признатиот регрес за годишен одмор и зголемување на даночно признатите расходи за тестирање за COVID-19

Данок на добивка - 2021: Удвоен износот на даночно признатиот регрес за годишен одмор и зголемување на даночно признатите расходи за тестирање за COVID-19. Детали и пречистен текст на Законот за данокот на добивка побарај на ПОВЕЌЕ.

Измени на Законот за даноците на имот: Од 2022 година, неактивниот имот ќе се оданочува со три пати повисоки стапки

Во Службен весник број 151/2021 од 6 јули 2021 година се објавени две измени и дополнувања на Законот за даноците на имот. Со измените, од 2022 година се зголемуваат пропишаните даночни стапки за оданочување на неактивниот имот за ТРИ ПАТИ и за ПЕТ ПАТИ, ако се открие неактивен имот кој не е пријавен. Од 2022 година заради оданочувањето се воведува обврска за ревизија (со процена) на пазарната вредност на имотот.

1 јули 2021 година: Намалување на законската казнена (затезна) камата за 0,25 процентни поени

1 јули 2021 година: Намалување на законската казнена (затезна) камата за 0,25 процентни поени. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.

ДВЕ годишно транзициско намалување на стапката на ДДВ на прометот на струја за домаќинствата

ДВЕ годишно транзициско намалување на стапката на ДДВ на прометот на струја за домаќинствата. Јунскиот предлог текст на Законот за ДДВ и пречистенио текст побарајте ги на ПОВЕЌЕ.

ИНФОРМАТОР, бр. 6 (јуни 2021 година)

Одделните текстови, како и целосната содржина на списанието „ИНФОРМАТОР“, бр. 6 (јуни 2021 година) може да ги симнете на ПОВЕЌЕ.

Здравствени протоколи кои се применуваат од 15 јуни 2021 година

Здравствените протоколи кои се применуваат од 15 јуни 2021 година може да ги симнеш на ПОВЕЌЕ.