Трансформација на заем во влог во постапка на зголемување на основната главнина на друштвото може да се врши за заем исклучиво даден од страна на единствениот содружник во ДООЕЛ (член 169 став 2 од ЗТД), односно од страна на единствениот акционер на друштвото кое е во целосна негова сопственост (член 416 од ЗТД). Можност за трансформација постои без оглед дали како единствен основач на друштвото се јавува физичко или правно лице, домашен или странски резидент. Дополнителните доплати, исто така може да се трансформираат во влог во друштвото од страна на единствениот содружник. Детали побарај на ПОВЕЌЕ.
31 март 2021 година е последен рок за поднесување до УЈП на ДД-01-Барање за пренесување на искажаната загуба. Искажаната Даночна загуба (Негативна даночна основа утврдена како разлика меѓу повисокиот износ на Загуба од Билансот на успех и помалиот износ на Оданочиви расходи од Даночниот биланс) може да се пренесе на товар на добивката (читај: на товар на даночната основа) во идните пресметковни (даночни) периоди најмногу до ПЕТ години сметано од годината во која е искажана загубата. Детали, текст, образец, акти и прописи побарај на ПОВЕЌЕ.
Со предлог измени на Законот за данокот на личен доход се продолжува ослободувањето за месечните аконтации на вршителите на дејност до мај 2021 година и се преполовува даночната обврска за 2021 за занаетчиите-паушалисти. Детали и текстот на предлог Законот за ДЛС побарај на ПОВЕЌЕ.
Текстовите од Информатор 3/2021 и целосната содржина на списанието побарај ја на ПОВЕЌЕ.
Капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања ОД/ВО странство се обврзани да ја известуваат Народната банка на РСМ за состојбата и промените на капиталот и на меѓукомпанискиот долг на капитално поврзаните субјекти врз основа на вложувања ОД/ВО странство. Известувањето се врши преку обрасците: ВС 11 - Извештај за вложувања ВО странство, ВС 22 - Извештај за вложувања ОД странство, КВС 22 - Квартален извештај за вложувања ОД странство. ВС извештаите (11 и 22) се поднесуваат до 15 март 2021 година, за 2020 година (известуваат само избрани претпријатија). Рокот на доставување на образецот КВС 22 е 20 дена по завршувањето на извештајниот квартал. Деталите прочитај на ПОВЕЌЕ.
Три прашања и три одговори за враќањето на финансиската поддршка од страна на УЈП (патнички автомобили, моментот за набавка признаен за цели на финансиската поддршка, потврда за платени даноци, ... Детали и Мислење на УЈП побарај на ПОВЕЌЕ.
Тимот на Про Агенс на сите жени им го честита 8-ми Март, Денот на жената.
Примерите на Одлуки за усвојување на Годишната сметка и Финансиските извештаи, како и Одлуки за распоредување на добивката и исплата на дивиденда, подготвени од Агенцијата Про агенс може да симнете на повеќе
Десетина нови уплатни сметки за јавни приходи: Измени на Упатството за уплатните сметки во сила од 20 февруари 2021 година. Целосно апдејтираното Упатство за начинот на евидентирање, распоредување, поврат и пренасочување на јавните приходи (42/21) побарај го на ПОВЕЌЕ.
Текстовите од Информатор 2/2021 и целосната содржина на списанието побарај ја на ПОВЕЌЕ.