УЈП: 26.10.2017: Продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава до 27 октомври 2017 година (петок)

Согласно Законот за даночна постапка, поради отежнатото поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци на 24 и 25 октомври 2017 година, се известуваат даночните обврзници и сметководителите дека рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата се продолжува. Крајниот рок за поднесување на ДДВ-пријавата (25.10.2017) се продолжува за 2 (два) работни дена, односно крајниот рок за поднесување на ДДВ-04 пријавите ќе се смета 27.10.2017 година.

25.10.2017 е-Даноци во прекин – Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава ќе биде продолженПоради технички проблеми и отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, УЈП ги известува даночните обврзници и сметководителите дека рокот (25.10.2017 година) за поднесување на ДДВ-04 пријавата ќе биде продолжен. Во моментот кога ќе се отстранат техничките пречки во ИТ системите, Управата за јавни приходи дополнително ќе информира за достапноста на системот е-Даноци и за продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата.

Recommend
Share
Tagged in
Leave a reply

You must be logged in to post a comment.