aprilЈавна Покана на Про агенс за КПУ обуки на Овластени сметководители и Сметководители

Согласно со Известувањето од 14 септември 2017 на http://isos.mk/index.php/novosti/item/472-izvestuvanje-za-kontinuirana-profesionalna-edukacija почетокот на Континуираното професионално усовршување (КПУ едукација) ИСОС го лоцираше на 01 октомври 2017 година.

Про агенс е акредитиран субјект за спроведување на КПУ едукација.

Про агенс во текот на втората половина на месец ОКТОМВРИ и првата половина од месец НОЕМВРИ 2017 година ќе го одржи ПРВИОТ СЕТ на Едукативни КПУ Обуки за континуирано професионално узовршување на Овластените сметководители и Сметководители согласно со Законот за вршење на сметководствени работи и барањата на ИСОС.

Термините и локациите на КПУ обуките во организација на Про агенс ќе ги објавиве наскоро.

Во функција на заштеда на Вашите ресурси, локациите за одржување на КПУ обуките ќе ги дисперзираме во повеќе градови во Македонија (наскоро и за ова ќе објавиме детали).

Заради обемноста на организациските подготовки и потребната логистика, како и заради неопходната УРЕДНА ЕВИДЕНЦИЈА на поединечното ПРИСУСТВО и остварените КПУ часови, Ве замолуваме НАЈДОЦНА 5 дена пред КПУ обуката на која сте избрале да присуствувате да се регистрирате на нашата интернет страна преку следниот линк: https://proagens.mk/wp-content/uploads/2017/09/Obuka_Prijava_MKD.xls

Потенцијални локации за одржување на КПУ обуки:

  • Тетово,
  • Скопје (два пати),
  • Крушево
  • Штип
  • Виница
  • Охрид
  • Струмица
  • Битола
  • Кавадарци

Во Пријавата за КПУ обука https://proagens.mk/wp-content/uploads/2017/09/Obuka_Prijava_MKD.xls изберете ја локацијата на која ќе ја посетувате обуката.

Нагласуваме дека континуираното професионално усовршување претставува обврска за ФИЗИЧКИТЕ ЛИЦА – Овластени сметководители и Сметководители со стекнато УВЕРЕНИЕ и запишани во Регистарот на ИСОС.

  • Доколку трошоците за КПУ обуките паѓаат на товар на Компанијата во која е вработен Овластениот сметководител / Сметководител, истите имаат третман на функционални трошоци кои не се оданочуваат со данок на доход и имаат третман на признаен даночен расход за компанијата.
  • Одговори на УЈП на поставени прашања во врска со претходното:

Персонален данок на доход
„… , а пред се поради задолжителноста на вршење на обуки и стекнување со лиценца согласно СВСР, Ве известуваме дека исплатите по основ на добивање на уверенија за сметководител или овластен сметководител, трошоците за членарина, стручна литература и годишните обуки согласно ЗПДД, не се сметаат за поединечно остварен приход на вработените, па според тоа не постои обврска за пресметување и плаќање на персонален данок на доход.“

Данок на добивка
„… , трошоците за обука за континуирано професионално усовршување на овластените сметководители вработени во Вашата компанија пропишани со одредбите во член 19 од Законот за вршење на сметководствени работи, ќе претставуваат трошоци потребни заради остварување на дејноста на даночниот обврзник односно трошоци специфични за работното место на вработениот и истите ќе бидат признат расход во даночниот биланс доколку е исполнет условот од член 9 став 1 точка 15 од Законот за данокот ан добивка.“

Цитат на член 9 став 1 точка 15 од Законот за данокот ан добивка:

15) исплатите на стипендии, освен стипендиите доделени на начин и под услови утврдени со Законот за донации и спонзорства во јавните дејности кои се оданочуваат според одредбите од точката 10) на овој член, во кои не спаѓаат трошоците за обука и специјализација на вработените заради остварувањето на дејноста на даночниот пбврзник, под услов истите да продолжат со работа кај истиот работодавач, во временски период утврден со договор, кој не е пократок од три години сметано од годината на стекнувањто со соодветните знаења;

Според актуелните одредби на Законот за вршење на сметководствени работи:

  • ОВЛАСТЕНИТЕ СМЕТКОВОДИТЕЛИ имаат обврска да посетат најмалку 120 часа КПУ Обука за три години, при што најмалку 30 часа во текот на една година и
  • СМЕТКОВОДИТЕЛИТЕ имаат обврска да посетат најмалку 90 часа КПУ Обука за три години, при што најмалку 20 часа во текот на една година.
Leave a reply

You must be logged in to post a comment.