Нов Правилник на ИСОС за критериумите за формирање на цената на сметководствените услуги

Управниот Одбор на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ, на седница одржана на ден 11.09.2017 година донел (Одлука, бр. 0302/291) Правилник за критериуми за утврдување на цената на сметководствените услуги. Правилникот може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Јавна Покана на Про агенс за КПУ обуки на Овластени сметководители и Сметководители

Јавна Покана до Овластените сметководители и Сметководители за посетување на КПУ ОБУКИТЕ на Про АГЕНС Про агенс во текот на втората половина на месец ОКТОМВРИ и првата половина од месец НОЕМВРИ 2017 година, започнува со организирање на Едукативните Обуки за континуирано професионално узовршување (КПУ) на Овластените сметководители и Сметководители согласно со Законот за вршење на сметководствени работи и барањата на ИСОС. За деталите види на ПОВЕЌЕ.

Share
ПРВА ОБУКА за КПУ согласно со Програмата на ИСОС – Златибор (8-11 октомври 2017 година)

Со оглед на официјалната објава на ИСОС од 14 септември 2017 година за отпочнување на Континуираното професионално усовршување од 1 октомври 2017 година, Ве известуваме дека Про агенс ја закажа Првата ЗАДОЛЖИТЕЛНА обука за КПУ за сметководители и овластени сметководители согласно со Законот за вршење на сметководствени работи на преубава локација (Златибор) и во одличен тајминг (8-11 октомври 2017 година). Флаерот и задолжителната ПРИЈАВА побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Министерството за финансии нагласува дека рок за лиценцирање во Законот не е уреден

На објавата на ИСОС за 30 септември како рок за лиценцирање на сметководствената дејност, реагираше Министерството за финансии со побивање на ваквото тврдење. Реакцијата на Министерството за финансии ја презентираме во целост на ПОВЕЌЕ.

Share
Информаторот број 9/2017 е во постапка на доставување

Содржината на Информаторот број 9/2017 година побарај ја на ПОВЕЌЕ.

Share
ИСОС: 30 септември – Рок за лиценцирање на сметководствената дејност

Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ (ИСОС) ги повикува сите вршители на дејност, сметководствени работи согласно Законот за вршење на сметководствени работи најдоцна до 30.09.2017 да ги достават потребните документи заради навремено стекнување со лиценца за работа и навремено усогласување на web апликацијата со Централен Регистар на РМ и Управата за јавни приходи, а сходно достава на Годишна сметка и ДБ за 2017 година. Деталите побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
30 септември – Краен рок за исплата на одобрена дивиденда

30 септември е краен рок за исплата на одобрена дивиденда. Донесената Одлука за исплата на дивиденда создава обврска за друштвото да ја исплати. Според членот 185 став 3 од ЗТД, содружникот станува доверител на друштвото до висината на износот на одобрената, но неисплатена дивиденда. Одлуката претставува правен основ во кој е искажана волјата на сопствениците на капиталот по однос на употребата на дел од добивката за дивиденда. Од неа произлегува обврска за друштвото истата да ја исплати, а право на сопственикот на капиталот да ја побарува. Деталите (и пример на Одлука) побарај ги во целосниот текст на ПОВЕЌЕ.

Share
Анкета за КПУ за овластени сметководители / сметководители

АНКЕТЕН ЛИСТ Во функција на успешна подготовка за спроведување на активностите за Континуирано професионално усовршување на овластените сметководители / сметководители (КПУ) согласно со Законот за вршење на сметководствени работи изготвивме АНКЕТЕН ЛИСТ чии пополнување ќе ни овозможи донесување на корисни заклучоци во насока на подобрување на условите за спроведување на КПУ. Деталите и линкот за симнување на Анкетниот лист побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
31 август: Краен рок за продолжување на работниот однос пред пензионирање !

ИНФО ПОТСЕТУВАЊЕ: 31 август е краен рок за давање изјава за продолжување на работен однос ! Согласно со член 104 (ставови 2, 3 и 4) од Законот за работните односи, рботникот (маж и жена) со писмена изјава до работодавачот може да побара да му се продолжи договорот за вработување најмногу до 67 години возраст. Деталите (Изјава и Одлука) побарај ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Капитални добивки/загуби на домашни/странски правни/физички лица – даночен и сметководствен третман

Авторски текст за даночниот и сметководствен третман на капиталните добивки и загуби на домашни и странски правни и физички лица прочитај на ПОВЕЌЕ.

Share