Од 2018-та во примена Договорот за одбегнување на двојно оданочување со Белгија

Од 2018 година започнува примената на Договорот за одбегнување на двојно оданочување со Белгија

Share
ИСОС: Известување за КПУ

Известување на ИСОС за КПУ до членовите на Институтот на сметководители и овластени сметководители на РМ (26,10,2017)

Share
УЈП: Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава ќе биде продолжен до 27 октомври 2017 година (петок)

25.10.2017 е-Даноци во прекин - Рокот за поднесување на ДДВ-04 пријава ќе биде продолжен Поради технички проблеми и отежнато поднесување на даночни пријави преку системот е-Даноци, УЈП ги известува даночните обврзници и сметководителите дека рокот (25.10.2017 година) за поднесување на ДДВ-04 пријавата ќе биде продолжен. Во моментот кога ќе се отстранат техничките пречки во ИТ системите, Управата за јавни приходи дополнително ќе информира за достапноста на системот е-Даноци и за продолжување на рокот за поднесување на ДДВ-04 пријавата.

Share
Измени и дополнувања на Законот за персоналниот данок на доход

Најава на измените на Законот за персоналниот данок на доход кои се веќе достапни за коментирање. Пречистениот текст на Законот за персоналниот данок на доход со вклучени предлог измени може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Нов МПИН на УЈП во функција на измените на Законот за минимална плата

УЈП постави информација и нов МПИН на УЈП во функција на измените на Законот за минимална плата. Деталите побарајте ги на ПОВЕЌЕ.

Share
Коментар за примена на измените на Законот за минимална плата

Во функција на навремена и на закон заснована исплата на платите за месец септември 2017 година, а имајќи ги предвид новините поврзани со минималната плата (132.17), Про агенс подготви детален Коментар на Законот за изменување и дополнувањата на Законот за минимална плата во Република Македонија. Коментарот може да го симнете на ПОВЕЌЕ.

Share
Финансиска помош за исплата на Минималната плата – Правилник

Објавен Правилникот за начинот на обезбедување на финансиската помош за исплата на минимална плата (138/17). Правилникот е во сила од 3 октомври 2017 година. Со Правилникот се уредени механизмите на финансиската помош за исплата на пропишаниот износ на минимална плата. Правилникот побарај го на ПОВЕЌЕ.

Share
Работни материјали за КПУ обуката бр. 1/2017 – 16 часа, Златибор

1) Кратко ИНФО со актуелните законски одредби за КПУ, 2) Годишна Програма за КПУ на ИСОС за 2017 година, 3) Напатствие за КПУ и 4) Работни материјали за КПУ обуката бр. 1/2017 – 16 часа на Агенцијата Про агенс. Прирачник за КПУ (бесплатно) !

Share
Најново: Договор за КПУ меѓу работодавачот и работникот

Заради уредување на меѓусебните права, обврски и одговорности, работодавачот и работникот може да потпишат ДОГОВОР ЗА КОНТИНУИРАНО ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ И СТРУЧНО ОБРАЗОВАНИЕ. Со ваков договор освен што ќе се уреди облигацијата на двете договорни страни, ќе се обезбеди и правна арматура за целите на барањата уредени со Законот за данокот на добивка. Договорот ќе овозможи даночно признавање на трошоците за КПУ што ќе паднат на товар на работодавачот. Пример на Договор за КПУ подготвен од Про Агенс побарај на ПОВЕЌЕ.

Share