ПАКЕТ ПРЕТПЛАТА на Проагенсовите изданија !

Поради намалување на финансиската изложеност на клиентите (КПУ обуки), но и заради подобрување на квалитетот на услугите, тимот на Про Агенс нуди ПАКЕТ ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА.

Пакетот Проагенсова годишна претплата има единствена содржина:

12 ИНФОРМАТОРИ + е-ИНФО-РЕГИСТАР + ПРИРАЧНИК ЗА ГОДИШНА СМЕТКА + е-НАПИСИ + е-ИНФО + КОНСАЛТИНГ …

Цена на ПАКЕТОТ ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА изнесува 14.900 денари (со ДДВ и бесплатна достава)

СОДРЖИНА на ПАКЕТОТ ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА:

  • 12 броеви ИНФОРМАТОР, печатено и е-издание (од тоа еден двоброј)
  • Инфо-регистар, е-издание
  • Про економија, Прирачник за годишна сметка / финансиски извештаи, печатено издание; а за учесниците на Обуката за годишна сметка: е-издание
  • КОНСАЛТИНГ по телефон, мејл и во директни средби во просториите на Про агенс, односно на клиентот
  • НЕОГРАНИЧЕН ПРИСТАП до затворените содржини на интернет страната www.proagens.mk
  • БРОЈНИ АЛАТКИ во EXCEL
    (за составување на годишната сметка и финансиските извештаи; плати – нето/бруто; пресметка на камати; патен налог, МДБ, …)
  • е-написи за одделни интересни и важни теми
  • е-вести за брзи и важни известувања, за законски измени и вообичаени деловни известувања по мејл

БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ

  • Прирачник за годишна сметка за буџетски корисници и единки корисници на буџети и фондови, печатено издание
  • EXCEL алатка за составување на годишната сметка за БУЏЕТСКИ КОРИСНИЦИ И ЕДИНКИ КОРИСНИЦИ


Кратки појаснувања во врска со Пакетот Претплата

Секој претплатник којшто претплата за 2025 година ќе ја плати до крајот на 2024 година ќе добие:

  • е-ПРИМЕР на СМЕТКОВОДСТВЕНИ ПОЛИТИКИ за СРЕДНИ И ГОЛЕМИ СУБЈЕКТИ за 2025 г. или
  • е-ПРИМЕР на СМЕТКОВОДСТВЕНИ ПОЛИТИКИ за МИКРО И МАЛИ СУБЈЕКТИ за 2025 г.
  • Информатор – месечно печатено издание

Специјализирано месечно издание, кое содржи текстови од областа на сметководството и финансиското известување со посебен осврт на транзицијата на новите МСФИ во примена од 2025 година. Во списанието освен избрани текстови од сферата на финанасиското известување, редовно објавуваме и текстови за оданочувањето, статусното право, трговијата, работните односи, …

Покрај работењето на профитните субјекти, со изданието е опфатено и работењето на непрофитниот и јавниот сектор (буџетски корисници, …).

  • Инфо регистар – редовно ажурирање (е-издание)

Папка која ги собира работните информации подредени во седум дела (преглед на корисни прописи, податоци за плати, дневници, уплатни сметки, курсни листи, шифрарници за девизно плаќање, …) која освен основната е-влошка содржи и редовни месечни е-ажурирања.

  • Про економија – годишно издание (печатено издание; учесниците на наменските online обуки за годишна сметка добиваат е-издание)

Издание кое е целосно посветено на изготвувањето на годишната сметка и финансиските извештаи за трговските друштва, имајќи ги предвид различните основи на финансиско известување (МСФИ/МСС, МСФИ за МСЕ), потоа за самостојните вршители на дејност и за непрофитните субјекти и се разбира годишното даночно известување за сите категории на обврзници.

  • Консалтинг услуги и е-комуникација

Покрај Сетот на изданија, во цената на ПАКЕТОТ Годишна претплата се вклучени и:

  • непосредните консалтинг услуги (по телефон, односно преку Ваша службена е-маил адреса),
  • 24/7 повластен пристап до богатите содржини на интернет страницата www.proagens.mk,
  • брзо и редовно информирање за тековните обврски, новини во прописите и сл. преку Ваша службена е-маил адреса,
  • можност за директни средби.

Посебни поволности

Привилегијата на претплатниците да добиваат попусти на посебните изданија и прирачници и привилегираните цени за дополнителните консалтинг услуги, останува и во новата деловна година …

Цена

Цената на ПАКЕТОТ ГОДИШНА ПРЕТПЛАТА изнесува 14.900 денари (со вклучен ДДВ). Доставата на сите печатени изданија е бесплатна.

Плаќањето се врши на сметката на Агенција Про агенс, 210  050  394  01  01  43 кај НЛБ банка АД Скопје, со цел на дознака: „Пакет претплата за ХХХХ година“ и повикување на број: ХХХ